Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

Од:

Бројот на изведени претстави во професионалните театри во 2023/2024 година е зголемен за 11,5 отсто во однос на претходната, 2022/2023 година, а зголемување за 3,1 отсто има и на бројот на посетители.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на изведени претстави во професионалните театри за деца и млади во 2023/2024 е зголемен за 14,8 проценти во однос на 2022/2023 година, а исто така е зголемен и бројот на посетителите за 0,6 отсто.

Во аматерските театри, пак, е забележлив намален број – и на изведени претстави (за 36,5 отсто) и на посетители (за 46,7 отсто).

– Во периодот 2023/2024 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен во однос на периодот 2022/2023 година. Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2023/2024 година, во споредба со 2022/2023 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите, наведува ДЗС во објавата.

Би можело да ве интересира

Stefani & The Upper Room: Госпел концерт што носи порака на надеж и вера

А1он

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани

Македонска филхармонија доби поддршка од колегите од Белградска филхармонија

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он