Манчестер Сити е во голема неволја. Во последните два месеци „граѓаните“ само еднаш ја вкуси ја сласта на победата и се чини дека нема кој да ја повлече рачната сопирачка во ситуација кога автомобилот веќе тргна надолу.
Еден од лидерите на тимот, Бернардо Силва не го криеше разочарувањето по поразот на Сити од Јунајтед со 2-1, пред се поради начинот на кој загубија.
– Заслужуваме ова што ни се случува. На ова ниво може да нема среќа еден или два натпревари, но не и 10. Дерби, 87. минута, водиме со 1:0 и го претвораме нашиот агол во пенал за нив. Ако правиш такви глупави грешки на три-четири минути пред крајот, тогаш заслужуваш да платиш за нив. Само една екипа може да победи на крајот, а тоа не бевме ние – изјави Силва.
Тој додаде дека тимот мора да започне што е можно поскоро.
– Мораме да се погледнеме во огледало и да разбереме дека не се работи за несреќа, туку за одлуките што ги носиме. Еве, во последните минути игравме како да имаме 15 години – бунтовен беше португалскиот репрезентативец.
На последните 11 натпревари Манчестер Сити забележа само еден триумф и тоа во Премиерлигата против Нотингем Форест на 4 декември.