Новиот сириски лидер не е заинтересиран за конфликт со Израел

Од:

Сирискиот лидер Абу Мохамед ал Голани рече дека Израел нема оправдување за нападите во Сирија, но тој сепак не е заинтересиран за нови конфликти, туку е фокусиран на обнова на земјата по соборувањето на Башар ал Асад.

Ал Голани ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која го собори Асад од власт минатата недела, ставајќи крај на петдецениското семејно владеење над Сирија.

Затоа Израел влезе во демилитаризираната зона во Сирија, создадена по арапско-израелската војна во 1973 година, вклучувајќи ја и сириската страна на стратешката планина Хермон со поглед на Дамаск.

Израел, кој најави дека нема намера да остане таму и го нарекува упадот на сириска територија како ограничена и привремена мерка за обезбедување на своите граници, изврши и стотици напади врз залихите на сириското стратешко оружје.

Неколку арапски земји, вклучително и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан, ја осудија израелската окупација на тампон зоната во Голанската висорамнина.

„Аргументите на Израел стануваат се послаби и нивните постапки немаат оправдување“, рече Ал Голани во интервју за сириската телевизија и додаде:

„Меѓутоа, уморната од војна држава Сирија, по години конфликти и војни, не дозволува нови конфликти. Приоритет во оваа фаза се реконструкција и стабилност, а не вклучување во спорови кои би можеле да доведат до натамошно уништување“.

Тој рече и дека дипломатските решенија се единствениот начин да се обезбеди безбедност и стабилност.

За Русија, чија воена интервенција пред речиси една деценија помогна да се свртат рамнотежата во корист на Асад и која му даде азил на соборениот диктатор претходно оваа недела, Ал Голани рече дека нејзините односи со Сирија треба да служат на заеднички интереси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените

Лидерот на Хезболах се надева дека сириските власти нема да ги нормализираат односите со Израел

(ВИДЕО) Израелски авиони ги бомбардираа Латакија и Тартус на западот на Сирија

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Руската армија се евакуира од Сирија

Горан Наумовски