Магла на Ѓавато и Плетвар

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 20 метри на патниот правец с.Гајре – с.Лисец, додека на планинските премини Ѓавато и Плетвар до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Намалена видливост поради магла од с.Гајре –Попова Шапка, крак Маврово –Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар

Магла на патот Шипковица – Попова Шапка, видливост до 40 метри

Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар

Студено со појава на магла по котлините