Пеп Гвардиола (53) до оваа сезона го доживува најтешкиот период од својата блескава тренерска кариера.
По ноември, најлошиот месец откако се занимава со оваа работа, во ист стил продолжи и во текот на декември. Во првенството го победи само Нотингем и го загуби дербито против Ливерпул и освои само бод против Кристал Палас.
Актуелниот шампион на Англија освен што заостанува осум бода зад водечкиот Ливерпул, во тешка позиција се најде и во Лигата на шампионите. Таму со поразот од Јувентус на две кола пред крајот на лигата падна на само 22. место, само две позиции над линијата за минување во плеј-офот за нокаут фазата.
По поразот од Јувентус, тренерот на Сити беше жестоко критикуван од уште еден великан.
Фабио Капело (78) го предводеше Милан до четири титули на Италија и една европска титула, додека со Рома го освои и Скудетото. Реал со него двапати беше шампион на Шпанија.
Славниот Италијанец за Каталонецот вели:
„Гвардиола е одличен тренер, но е и премногу арогантен и егоист. Губеше трофеи бидејќи сакаше да докаже дека тој ги освоил, а не играчите. Затоа ги остава клучните играчи надвор од тимот на големите натпревари”.