ВИДЕО: Опозицијата ја блокира полициската управа во Нови Сад

Од:

Опозицијата утрово во 7 часот и 30 минути почна со блокада на зградата на Полициската управа во Нови Сад. Овој потег уследи откако опозицијата побара средба од началникот на полицијата Горан Радоњиќ и одговор на прашањето кој го претепа пензионерот Илија Костиќ при блокадата на судот и обвинителството на 21 ноември. Полицијата во кордон ги чува влезовите во зградата. Веќе се случија неколку инциденти.

Поранешниот градоначалник на Нови Сад, Борислав Новаковиќ, најави дека опозициските политичари нема да се повлечат од пред новосадската полициска управа до дополнително известување, односно додека не добијат одговори за претепувањето на пензионерот Илија Костиќ.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека утрово немало употреба на полициска сила пред Полициската управа. Советникот Бранко Миљуш одговори дека лаже и штити криминалци.

„Полицијата со брутална употреба на сила не оттурна, нè удираа со чевлите за да не се гледа. И за среќа некои луѓе го снимија тоа, па Ивица Дачиќ лаже“, вели Миљуш.

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, изјави дека денешниот полициски напад бил поагресивен отколку на претходните блокади.

„Добивме три опомени и тие само скокнаа кон нас. Стоиме на тротоарот и тие поставија огради. Стоиме нормално и тие продолжуваат да се обидуваат да не турнат на улица. Тие се многу агресивни, овој пат се многу агресивни, а најмногу досега“, рече таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски

Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад

А1он

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

Маж падна од тераса во Нови Сад, почина на лице место

А1он

Градоначалникот на Нови Сад останува на функцијата

А1он

(ВИДЕО) Учесниците на митингот организиран од опозицијата се обидуваат насилно да влезат во Собранието на Нови Сад

Горан Наумовски