На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат бунтовнички борци како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал Асад.
Syrian rebels destroyed the crypt and tomb of dictator Hafez al-Assad, Bashar's father. pic.twitter.com/YwgQKezkjl
— NEXTA (@nexta_tv) December 11, 2024
Бунтовниците го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори.
⚡️BREAKING:
New footage emerged showing the destruction and burning of Hafez Al-Assad’s grave in Syria by Syrian “rebels.” pic.twitter.com/i37gX6dlHV
— Suppressed News. (@SuppressedNws) December 11, 2024
Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении. Тој почина од срцев удар во 2000 година и беше погребан во мавзолеј во неговото родно село Караха. На функцијата претседател го наследи неговиот син Башар, кој беше сменет минатиот викенд.