Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва и добија азил од руските власти, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на извор од Кремљ.
Новинската агенција Интерфакс цитира неименуван извор кој вели: „Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва. Русија им даде (нему и неговото семејство) азил од хуманитарни причини“.
А медиумите сега објавуваат фотографии од неговата колекција луксузни автомобили, меѓу кои е и Ferrari F50 чија цена е над 3 милиони долари. Во гаражата има и Lamborghini, Rolls-Royce и Bentley.