(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

Од:

Канадскиот кошаркар Оливие Риукс стана вистински хит во САД. Има само 18 години и веќе е висок 236 сантиметри.

Минатата година влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок тинејџер во светот – на 17 години беше висок 231 сантиметар.

Сега игра кошарка на колеџ во Америка и игра за Флорида Гејторс во Гејнсвил.

Доколку го оствари сонот да оди во НБА лигата, ќе стане и највисокиот кошаркар кој некогаш играл во неа.

Во градинка веќе бил висок преку 150 сантиметри, а на 12 години, верувале или не, имал дури 213 сантиметри.

На 13 години потпиша за Реал Мадрид, а од минатата година тренира на Флорида и се подготвува за во НБА.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ