Путин: Руските ракети „Орешник“ може да бидат распоредени во Белорусија во втората половина на 2025 година

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва може да распореди балистички ракети со среден дострел „Орешник“ во Белорусија во втората половина на 2025 година, јавија светските агенции, цитирајќи руски државни медиуми.

Путин одговори на барањето на белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на самитот во Минск.

Тој рече дека Белорусија ќе ги одреди целите на ракетите „Орешник“ распоредени во земјата.

Русија минатиот месец истрела ракети „Орешник“ врз украински град.

Путин рече дека тоа е прво тестирање на оружјето во борбени услови.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски