Јужнокорејскиот претседател најави укинување на воената состојба

Од:

Претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол рече дека ќе ја укине воената состојба неколку часа откако парламентот на земјата гласаше за блокирање на мерката.

Јун претходно објави дека воведува воена состојба, што го налути парламентот, вклучително и членовите на неговата партија.

Пратениците потоа се упатија кон зградата на парламентот за да гласаат против мерката, по што го повикаа претседателот официјално да ја отповика.

Политичка партија на Јун го повика да се откаже од напорите за воведување воена состојба во Јужна Кореја. Постигнат е консензус против напорите за време на состанокот на Партијата на народната моќ, откако пратениците во Националното собрание гласаа за блокирање на потегот.

Партијата го повика Јун „да ја прифати резолуцијата на Националното собрание против воената состојба и навремено да ја укине“.

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски