Ботафого го освои Копа Либертадорес за првпат во историјата – Ѓоковиќ беше специјален гостин на финалето

Од:

Фудбалерите на Ботафого за првпат во клупската историја го освоија Копа Либертадорес откако во бразилското финале со 3:1 го победија Атлетико Минеиро, иако играа со играч помалку од првата минута од натпреварот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на мечот го внесе пехарот наменет за шампионот на Јужна Америка.

Србинот беше специјален гостин на финалето на Копа Либертадорес, а навивачите на двата клуба го поздравија со голем аплауз.

Ѓоковиќ е во Буенос Аирес бидејќи денеска во 17 часот ќе одигра егзибициски меч против Хуан Мартин Дел Потро во главниот град на Аргентина на збогувањео со тениската кариера.

Финалето започна со црвен картон за Ботафого. По само 30 секунди Грегор направи опасен старт, а главниот судија Аргентинецот Факундо Тељо му покажа директен црвен картон.

Клубот од Рио де Жанеиро и со играч помалку до полувремето дојде до предност од два гола. Луис Хенрике го доведе Ботафого во водство во 35. минута, а Алекс Телес од пенал во 44. минута го удвои водството.

Хулк на асистенција на Едуардо Варгас намали во 47. минута, а во осмата минута од судиското надополнување, замената на Ботафого, Жуниор Сантос го постави конечниот резултат и започна големо славје за навивачите на популарната „осамена ѕвезда“ на стадионот „Монументал“ во главниот град на Аргентина.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ и според заработката „ги разнесе“ Надал и Федерер!

А1он

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски

Ѓоковиќ: Не е лесно да се игра во ваква атмосфера

A1on

Ѓоковиќ испадна од УС Опен: Го играв најлошиот тенис досега