Босна и Херцеговина е подготвена за првиот попис по 1991 година

Од:

Босна и Херцеговина е подготвена за првото пребројување на населението по 1991 година, соопшти Хина.

Пребројувањето ќе се спроведе од 19.000 анкетари, од 1 до 15 октомври, а резултатите од него се очекува да ја одразат точната социјална и економска слика за земјата и промените во етничката структура по војната од 1992-95 година.

Државната статистичка агенција во Босна и Херцеговина е одговарна за спроведување на пописот, а нејзиниот директор Зденко Милиновиќ изјави дека се е веќе подготвено.

Пребројувањето ќе се изврши во согласност со законот, што минатата година беше донесен од државниот парламент.

Граѓаните на Босна и Херцеговина, кои живеат во странство, можат да пополнат формулари, објавени на сајтот на Статистичката агенција и да ги испратат во Сараево.

Според пописот од 1991 година БиХ имала 4.377.033 жители, а оние на возраст меѓу 25 и 29 години биле најбројни. Бошњаците (босански муслимани) во 1991 година изнесувале 43,5 проценти од населението, Србите – 31,2 проценти, а Хрватите – 17,4 проценти. Пред распадот на СФРЈ 275.000 жители на БиХ се изјансувале за Југословени и биле 5,6 проценти од населението.

Според проценки на статистичката агенција, во земјата во моментов има 3,8 милиони жители, но етничкиот состав е тешко да се определи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски