Манчестер Јунајтед под водство на новиот менаџер Рубен Аморим одлично влезе во натпреварот, но не успеа да победи.
Веќе во 2. минута гостите поведоа со 1:0, откако Маркус Рашфорд погоди на асистенцијата на Амадо Диало.
Сепак, до крајот на првото полувреме Ипсвич успеа да се врати во мечот и да израмни. Се играше 43. минута кога Омари Хачинсон постигна гол за 1:1 по додавањето на Вес Барнс.
Ипсвич беше поконкретен, создаде повеќе шанси, но не успеа да реализира.
Аморим на крајот треба да се задоволи само со еден бод на дебито во Премиерлигата.
Јунајтед е само на 12. позиција во Премиерлигата со 16 бодови, со по четири нерешени, порази и победи.
Ипсвич е на 18. позиција со 9 бодови.
Во следното коло Јунајтед на домашен терен ќе го пречека Евертон, додека Ипсвич ќе гостува кај Нотингем Форест.