Трагедија се случи синоќа околу 23 часот во хрватскиот град Книн. Имаше експлозија во стан на приземје од зградата во која загина 25-годишник, додека двајца млади на возраст од 25 и 23 години, девојка на возраст од 21 година и малолетник се здобија со тешки физички повреди.
Врз основа на пронајдените траги на местото на настанот, увидната екипа и полициските службеници за заштита од експлозија утврдија дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75.
Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник.
Поради нестручно ракување, дошло до активирање на бомбата во раката на починатиот 25-годишник.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.