Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО посочувајќи дека очекува таа да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата.
„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на социјалната мрежа X.
Поздравявам Радмила Шекеринска с назначаването й на отговорната позиция заместник-генерален секретар на НАТО и очаквам тя да допринесе с работата си за укрепването на колективната отбрана и сигурност на алианса.
— President.bg (@PresidentOfBg) November 19, 2024