Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелскиот воздушен напад врз Иран минатиот месец погодил дел од нуклеарната програма на Техеран, истовремено деградирајќи ја неговата одбранбена и ракетна способност.
„Тоа не е тајна. Постои специфична компонента во нивната нуклеарна програма која беше погодена во овој напад“, рече Нетанјаху во говорот во парламентот, пренесе Ројтерс.
Тој не ја идентификува компонентата, но додаде дека патот на Иран до нуклеарно оружје не е блокиран.
Способноста на Израел да дејствува против иранската нуклеарна програма „ќе биде преоценета“ заедно со Белата куќа кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари, изјави премиерот Нетанјаху пред Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, објави „Тајмс оф Израел“.
#MiddleEast: Prime Minister #BenjaminNetanyahu said on Monday that #Israel’s attack on that #Iran last month degraded its defense and missile production capabilities, and also hit an element of its nuclear program.https://t.co/eobiI8shcV
— LBCI Lebanon English (@LBCI_News_EN) November 18, 2024
Тој рече дека одлуката на Израел да се воздржи од напад на „одредени цели“ во Иран како одговор на нападите со балистички ракети не е донесена поради американскиот ултиматум.
Израелските воени авиони извршија три бранови напади врз ирански воени цели на 26 октомври, неколку недели откако Иран истрела бараж од околу 200 балистички ракети кон Израел, објави Ројтерс.
Нападот уследи по претходна размена на директни напади во април. Во својот говор, Нетанјаху понуди уште неколку детали за тоа кон што цели Израел.
Во нападот во април, една од четирите батерии за противракетна одбрана С-300 С-300, испорачани од Русија во близина на Техеран, главниот град на Иран, беше уништена, рече Нетанјаху.