Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека никому не му е дадена доверба, мандат или министерска функција да работи на црно, а тие што го прават тоа мора да сносат одговорност и последици.
Ова го изјави по повод акцијата на УСКОК и ЕППО во која беше уапсен поранешниот министер за здравство Вили Берош, пренесува Хина.
„Невозможно е да се знае, единствен начин е да има некаков систем „Големиот брат“, секој што работи за владата да биде на тајни мерки, да дојде некој детектив да ми каже што прават. Тоа го нема во демократските држави, им се верува на луѓето да си ја вршат работата согласно законите, според нивното најдобро знаење, најдобра практика и програмата на Владата“, рече тој.