Демонстрантите во грузиската провинција Абхазија ја презедоа контролата врз парламентот, кабинетот на министри и зградите на претседателската администрација во главниот град Сухуми.
Protesters in Abkhazia have stormed the local parliament. The crowd of people broke the bars on the windows, smashed the glass and are now smashing the premises. The security forces have left the area.
The reason is the law "On the regulation of the legal status of… pic.twitter.com/ZcQNp2wWaa
— Nurlan Mededov (@mededov_nurlan) November 15, 2024
Тие ги закачија знамињата на Абхазија и Русија над влезот на парламентот, јави денеска Интерфакс.
Претходно, претставници на опозицијата за Интерфакс изјавија дека претседателот Аслан Бжанија ја напуштил зградата на претседателската администрација заедно со неговите стражари, додека медиумската служба на претседателот објави дека тој моментално се наоѓа во Сухуми и дека презема мерки за стабилизирање на ситуацијата.
🇷🇺🇬🇪| In Abkhazia, protesters forced their way to the parliament, demonstrations began over a law that would allow Russian companies to expropriate land from locals. pic.twitter.com/8SUVbDVkEI
— Eternal Glory (@EternalGlory0) November 15, 2024
Администрацијата на претседателот на Абхазија претходно денеска потврди дека се подготвува документ за повлекување од парламентот на нацрт-законот за ратификација на инвестицискиот договор со Русија, за реализација на инвестициски проекти на руски правни лица на територијата на Абхазија, наведувајќи дека Абхазија ја донела таа одлука „за да ја стабилизира ситуацијата“.
Во Сухуми од утрово траат протести, а заедно со барањето за повлекување на предлог-законот се бара и оставка од претседателот Бжанија.