Кочани, Скопје, Струмица, Тетово и Гостивар со алармантно загаден воздух

Од:

Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во Светот според листата на IQAir. Во текот на денов, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот. Најалармантни се бројките на мерната станица во Лисиче.

Но, исклучително лоши показатели, со неколкукратно повеќе отровни честички од она што го предвидува Светската здравствена организација се и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.

Владата најави акциски план за намалување на загадувањето.

– Имаме акционен план за намалување на загадувањето на воздухот. Еден од проектите е гасификација на урбаните центри, иако неколку пати не успеал, треба да се изврши повторен обид бидејќи има заинтересирани компании кои би го спровеле ова преку јавно-приватно партнерство – изјави министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.

Според СЗО, годишно има по седум милиони смртни случаи поврзани со загаден воздух, дури 91 процент од светското население живее во региони во кои загадувањето на воздухот ги надминува пропишаните лимити.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО

Катерина Ѓуровски

Смрди, тешко се дише, воздухот е лош и навечер и наутро

Катерина Ѓуровски

Во Врховниот суд расправа дали државата е одговорна што македонските граѓани дишат загаден воздух

Предраг Петровиќ

СДСМ: Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух

Горан Наумовски

Надминат прагот на загадување во Скопје: Бремените жени, лица постари од 60 години и хронично болните да останат дома

A1on