Во Берово најстудено со – 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени

Од:

Во Берово утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Охрид, Виница и Гевгелија 4 степени.

Во Скопје – Петровец, Тетово и Битола се измерени -2 степени, -1 во Демир Капија, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 Куманово, Крива Паланка, Прилеп и Струмица, 1 степен е измерен во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Крушево и Попова Шапка, 3 степени Целзиусови во Претор, 4 Охрид и Виница.

Во текот на ноќта преовладувало ведро време, соопштија од УХМР, а утрово е сончево, само во крајните југозападни и југоисточни подрачја има локална појава на облачност.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и тивко. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд

А1он

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени

А1он

УХМР најавува врнежливи денови

Повеќе облаци, малку сонце и дожд попладне