Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, пренесува Хаарец.
Нетанјаху потврди дека Глант е разрешен, а како министер за одбрана ќе го замени Израел Кац, кој е министер за надворешни работи.
Иако, според Нетанјаху, постоела „продуктивна соработка“ во првите месеци од војната, „последниве месеци се појавија значителни разлики во стратегијата меѓу него и Галант“.
Премиерот на Израел изјави дека „Галант донел одлуки и давал изјави кои се спротивставуваат на одлуките на владата“.
– Направив многу обиди да го премолам ова, но конфронтациите беа сè почести, рече Нетанјаху.
Јавноста дозна за сè на неприфатлив начин, а што е уште полошо, дознаа и непријателите – нашите непријатели уживаа во тоа и добија голема корист“, рече премиерот.
Нетанјаху вели дека повеќето членови на владата се согласуваат со неговата одлука.