На денот на изборите во Америка, во Вашингтон се случува вистинска драма, бидејќи во една од кутиите во близина на Белата куќа на избирачко место е пронајден сомнителен пакет.
Целата област веднаш била блокирана, а на местото пристигнале бројни полициски патроли.
Зградата се уште не е евакуирана, но сите кои биле пред зградата во моментот на откривањето на пакетот морале да се преселат на безбедно растојание.