Во голем дел американски држави се отоврени гласачките места за претседателските избори. Во долги колони, Американците чекаат да го дадат гласот за Камала Харис или за Доналд Трамп на изборите со супер неизвесен исход.
Според информациите од Изборната лабораторија од Универзитетот во Флорида, повеќе од 78 милиони Американци веќе го дале својот глас, што е речиси половина од 158,5 милиони што излегле на гласање во 2020 година. Анкетите предвидуваат неизвесна трка, особено во седум клучни , т.н. сојузни држави кои ќе го одредат победникот на изборите според системот на Американскиот изборен колеџ.
Повеќето држави традиционално се повеќе наклонети кон демократите или републиканците и таму победникот е однапред познат, па во фокусот на кандидатите обично се оние сојузни држави каде што секој кандидат би можел да победи (т.н. swing states).