Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничените, соопшти вечерва Јавното обвинителство, заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син, поради нерасчистени должничко доверителски односи, односно поради долг од 7.000 евра, кој сега починатиот го имал кон покојниот татко на осомничените.

– Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди. Двајцата осомничени со автомобил веднаш го напуштиле местото. Подоцна постариот брат е пронајден и лишен од слобода, а по помладиот се трага, стои во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за двајцата достави предлог за определување мерка притвор, со тоа што за лицето во бегство таа ќе се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. До Судот е доставено и барање за издавање наредба за приведување на осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски