(ФОТО) Човекот кој за влакно ја избегна смртта во Нови Сад е кум на екс кошаркарот Милан Гуровиќ

Од:

По вчерашната несреќа во Нови Сад се појави снимка од трагичниот настан, направена од камера која била близу до срушената настрешница. На неа се забележува маж кој станува од клупата и се оддалечува само неколку секунди пред масивниот бетонски дел од железничката станица да се сруши врз клупите.

Српските медиуми открија дека станува збор за Арсен Којиќ (75) од Каќ, кум на поранешниот српски кошаркар, Милан Гуровиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News Media Community (@moj_portal)

„Ова е Арсен Којиќ, таткото на мојот кум кој ме венчаше, од Каќ. Го чекал автобусот и кога видел дека доаѓа, станал од клупата. Потоа сè се срушило. Да задоцнел автобусот неколку секунди, немаше да биде жив… Беше на неколку секунди од смртта. Неверојатно, сè уште не можам да верувам што се случи. Во шок сум“, изјавил Гуровиќ за српски „Sportal“.

Како што додава, Арсен вчера седел со синот во кафуле недалеку од Железничката станица. Некаде околу 11:30 часот завршиле со пиењето кафе, се поздравил со синот и се упатил кон станицата. Синот сакал да го однесе, но Арсен одбил…

„Стариот кум не сакаше синот да го вози, сакаше да оди пеш. Дошол на станицата и седнал на клупа под настрешницата… Помина без повреди, но е во шок“, изјавил екс кошаркарот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Нови Сад останува на функцијата

А1он

(ВИДЕО) Учесниците на митингот организиран од опозицијата се обидуваат насилно да влезат во Собранието на Нови Сад

Горан Наумовски

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Се знае кој ќе ги замени Горан Весиќ и Томислав Момировиќ на чело на двете министерства

(ВИДЕО) Опозицијата сака да го урне мостот во Нови Сад: Ја урнаа оградата и фрлаа димни бомби

Уапсена е уште една осомничена во врска со трагедијата на железничката станица во Нови Сад

А1он