СДСМ: Освен сертификатот за англиски јазик на Христовски, Обвинителството треба да го истражи и стажот

Од:

Освен сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски, за којшто медиуми и во Македонија и во Бугарија покажаа дека е фалсификат, Обвинителството треба да го истражи и стажот. Документи доставени од свиркачи до СДСМ покажуваат сериозни пропусти. Според изводите од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, може да се оспори еден од клучните услови кој што е потребен а тоа е стаж од 5 години на раководна функција. Многу лесно може да се утврди дека го нема, соопштуваат од опозициската СДСМ.

„Значи Христовски свесно употребил фалсификуван документ за да ја добие оваа позиција, што претставува кривично дело. Очигледно и свесно навел само години без прецизни датуми за неговиот стаж на раководни позиции. Затоа обвинителството треба да го истражи и овој аспект. Во контекст на овој скандал со партизација на АНБ, јавноста веќе е запознаена дека две директорки се казнети за лажни сертификати од истото место – компанијата Јулија ЦО ЛТД, од каде што е и сертификатот на Христовски“ велат од СДСМ.

Потенцираат дека „Ова се сериозни законски и етички прекршувања кои бараат итна реакција од надлежните институции“.

„СДСМ повикува Министерството за внатрешни работи веднаш да покрене кривична пријава против Христовски, а Јавното обвинителство да го расчисти случајот во најкраток можен рок. СДСМ ќе продолжи да инсистира на законитост и одговорност, за да ги зачуваме професионалците и функционалноста на безбедносните структури на државата“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ

Горан Наумовски

Обвинителството почна постапка против Бојан Христовски по анонимна кривична пријава

Катерина Ѓуровски

Филипче тврди дека Христовски не исполнува услови, Мицкоски вели дека за АНБ не е тема за јавноста

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира

СДСМ бара директорот на АНБ да одговара за сертификат по англиски јазик пред пратениците од матичната комисија

Влада ќе ја чека одлуката на Антикорупциска за случајот со Бојан Христовски

Катерина Ѓуровски