Ладен туш за Зеленски: Нема замрзнување на конфликтот

Од:

Постојаниот претставник на Русија во ОН – Василиј Небензја денеска изјави дека Русија нема да дозволи да замрзне конфликтот во Украина за да може, како што наведе, украинскиот претседател Володимир Зеленски да му ги залечи раните.

– Би сакал веднаш да предупредам дека нема да има повторување на сценариото со договорите од Минск, нема да има замрзнување на фронтот за режимот на Зеленски да може да си ги лиже раните – рече Небензја на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, пренесува ТАСС.

Според него, Русија нема да дозволи Украина да влезе во НАТО, а сите цели на операцијата во Украина остануваат на сила, вклучително и демилитаризација и денацификација на таа земја.

Небензја оцени дека украинските вооружени сили ослабеле на фронтот затоа што народот на Украина „престанал да му верува на Зеленски, кој го загубил легитимитетот“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема доволно сила

Небензја: Ладнокрвна, цинична одлука на САД

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски