(ВИДЕО) Меѓу настраданите во поплавите во Шпанија има и деца

Од:

Најмалку 95 лица загинаа во Шпанија по поплавите кои погодија делови од земјата. Обилните дождови во вторник ги поплавија патиштата и градовите, автомобилите пливаа по улиците, а воз излета од шините и оштети домови и згради. Меѓу жртвите во Валенсија има и деца.

Властите во најтешко погодените области ги советуваа жителите да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања. Владата на Кастилја-Ла Манча побара активирање на Воената единица за итни случаи (УМЕ) поради последиците од дождот во провинцијата Куенка.

Во Летур 30 луѓе останаа заробени откако реката што минува низ градот се излеа од коритата. Брзиот воз со речиси 300 луѓе излета од шините во близина на Малага, но властите соопштија дека нема повредени.Возовите на други места исто така се во прекин. Невремето се очекува да продолжи до четврток, соопшти метеоролошката служба на земјата.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224

Шпанија најави 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

213 лица загинаа, 2.000 се водат како исчезнати по поплавите во Валенсија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Порој ја носи колата со жена заробена на покривот која едвај се држи