Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

Од:

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите, изјави денеска претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски по средбата со градоначалникот на Карпош – Стевчо Јакимовски.

Како што соопшти ЗЕЛС, градоначалникот на општина Струмица – Костадин Костадинов не дојде на состанокот на кој беше поканет.

На средбата Ѓорѓиевски истакнал дека секогаш имало несогласувања меѓу одреден градоначалник и министер и додал дека тоа е логично кога се работи да постојат и такви несогласувања.

– Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите. ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе застанат зад секој градоначалник без разлика од која било политичка партија да доаѓа.

Од ЗЕЛС информираат дека во текот на наредните дена ќе направат обиди за организирање средби меѓу градоначалниците и претставниците на централната власт.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

Ѓорѓиевски: Се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани

А1он