(ВИДЕО) Петрушевски: Врвот на ДУИ и СДС сакал сериозно да профитира од експропријација и траса со многу тунели

Од:

„СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит на поединци. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран по траса која ќе ја чини државата 300 милиони евра“ рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој рече дека „Избрана е траса по која одредени луѓе непосредно пред да почне проектот купувале имоти. Очигледно е дека врвот на ДУИ и СДС сакал сериозно да профитира од експропријацијата и траса со многу тунели. За ова е информирано ЈО и очекуваме постапки. Народот очекува одговори дали претходната власт сакала да инкасира милиони преку блиски лица. ЈО да покрене постапка и даде одговори“.

„Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по далеку помала цена. Загуба за државата нема да има никаква, ќе има само за луѓето блиски до поранешната власт кои сакале да инкасираат милиони. Недозволиво е да се трошат стотици милиони евра за проекти кои може да чинат многу помалку. СДС и ДУИ не работеле за да направат автопат туку за да профитираат“ рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија