Полицијата трага по убиец од село кај Бијело Поље – ручал кај братот и сестрата, па се вратил вечерта и ги убил

Од:

Црногорската полиција интензивно трага по Алија Балијагиќ (62), кој е осомничен за убиство на братот и сестрата Јован и Миланка Маџгаљ во селото Соколац, кај Бијело Поље.

Според пишувањата на црногорските медиуми, осомничениот убиец е повеќекратен повратник кој бил уапсен за обид за убиство, силување и насилничко однесување, а по кого полицијата трагаше последните петнаесет дена.

Алија Балијагиќ пред 15 дена украл ловечка пушка од семеен дом и оттогаш има потера по него.

Балијагиќ вчера бил забележан во селото Соколац и наводно во текот на денот ручал во куќата на семејството Маџгаљ, а потоа вечерта се вратил и ладнокрвно ги убил братот и сестрата Јован и Миланка.

По злосторството убиецот побегнал, а полицијата почнала да трага по него, но засега успеал да побегне искористувајќи го тешко пристапниот терен.

Во потера по убиецот полицијата користи хеликоптер, беспилотни летала и кучиња, а полицијата пеш го „чешла“ целиот простор и тргнува од три правци.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Откако убил татко и син, сакал да убие уште четири лица од истото семејство

Двојното убиство во Гевгелија на братот и снаата е поради скршени плочки и оштетена ограда на терасата

Предраг Петровиќ

Двојно убиство и самоубиство во Панчево: Маж убил дете и жена, соседите го пријавија злосторството