ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Од:

Во селото Петропавловскаја на периферијата на главниот град на Чеченија Грозни, вчера беше нападнат конвој на руската национална гарда, при што загина еден војник, а друг беше ранет.

Украинска Правда ги пренесува наводите на рускиот сервис Би-Би-Си дека нападот го извршиле непознати лица.

Се наведува дека на телеграмските канали на чеченската опозиција се појавила видео снимка, наводно направена по нападот.

На снимката се гледа воен камион со дупки од куршуми, крв на патот и мртов гардист.

Каналите Mesh и Baza Telegram објавија дека нападот се случил околу пладне по локално време.

Росгвардија соопшти дека безбедносните сили активно трагаат по напаѓачите.

Киев пост го објави видеото на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), а во описот беше наведено дека етничките тензии продолжуваат да зовриваат во Русија и дека напаѓачите се Чеченци.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје