Севернокорејските војници се приближуваат до украинската граница за да и помогнат на руската војска во војната против Украина.
Според Newsweek, најмалку 2.000 севернокорејски војници завршиле обука во Русија и биле испратени во западните региони во близина на границата со Украина.
Според извештаите, севернокорејските војници кои патуваат со воз во регионот Курск најверојатно ќе бидат вклучени во борбени операции во областа. Претходно, околу 10 офицери формираа оперативна база за прием на севернокорејските копнени сили, како што јавија јапонските медиуми Кјодо.
Објавени се и сателитски снимки објавени од Јужна Кореја, на кои наводно се гледа обуката на севернокорејските војници кои треба да им се придружат на Русите на бојното поле.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја потврди веродостојноста на извештајот и рече дека севернокорејските војници би можеле да им помогнат на Русите на фронтот.
🇰🇵🇰🇷 A photo released by South Korea's National Intelligence Service on October 18, 2024, shows recent satellite images of North Korean soldiers gathering at a Russian military facility, – Yonhap pic.twitter.com/vyLHdz0AkF
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 23, 2024
Според јужнокорејското разузнавање, Северна Кореја испратила неколку илјади војници, вклучително и специјални сили, за поддршка на руската армија во борбените операции. Наводно, дел од војниците веќе се распоредени на источниот фронт во Украина. Иако сè уште не е официјално потврдено, војниците би можеле да бидат вклучени во борбени мисии или да извршуваат други задачи, како што се одржување на воена опрема и логистика.
Најмалку 3.000 севернокорејски војници се во источна Русија на обука пред можното распоредување на првите линии за да се приклучат на војната на Кремљ против Украина, објави вчера Белата куќа.