Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврдиja од СВР Охрид.
Информациите се дека на телото на К.М. не биле пронајдено траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.
Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Инаку, лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.
По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.