Фицо: „Планот за победа“ на Зеленски е апсолутно нереален и неостварлив

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска го нарече „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски „апсолутно нереален и неостварлив“.

„Досега имаше барем некои обиди да се презентираат планови за мир, но господинот Зеленски во Брисел не презентираше план за мир, туку документ што го нарече „план за победа“, кој, меѓу другото, се базира за тоа што ќе треба да направиме за да и испорачаме на Украина. Тоа се, на пример, ракети со среден и долг дострел, кои тој ќе ги лансира врз Русија, поради што многу луѓе им се фатија за главите за време на Самитот на ЕУ во Брисел, рече Фицо, пренесува РИА Новости.

Во интервју за ТВ каналот ТА3, премиерот на Словачка рече дека овој план е „апсолутно нереален и неостварлив“.

Фицо истакна дека недоследноста на „планот за победа“ на Володимир Зеленски не му дозволува на Европскиот совет да заземе дефинитивен став за тој документ.

Премиерот на Словачка истакна дека се уште е против влезот на Украина во НАТО и дека иако ја разбира и почитува желбата на Киев да стане членка на алијансата, не ја смета за добра идеја.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите