ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Од:

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала.

Експлозии се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј во Краснодарската територија. Руските власти известија дека избувнал пожар во магацин. Тие изјавија дека според првите информации нема жртви и дека пожарникарите успеале да го локализираат пожарот на површина од 1.600 метри квадратни.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека е погоден магацин во кој имало ирански беспилотни летала Шахед, кои Русија ги користи за секојдневни напади врз Украина. Техеран испрати илјадници беспилотни летала во Москва, па Русија ги лансира речиси секојдневно на цели во Украина.

Украинците тврдат дека во погодениот магацин имало околу 400 дронови. Според соопштението, нападот го извршиле украинската морнарица и единиците на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Генералштабот тврди дека биле снимени серија последователни детонации.

„Забележан е точен удар на целта. Уништувањето на магацинот на беспилотните летала Шахед значително ќе ја намали способноста на руските окупатори да ги тероризираат цивилите во украинските градови и села“, додаваат од Генералштабот.

Со беспилотни летала беше нападнат и воениот аеродром Ханска во реонот на истоименото село во Адигеја, руска република во Северен Кавказ. Пожар бил пријавен во близина на воен аеродром по ноќен напад, според системот за следење на пожарот на НАСА.

Беспилотните летала ги слушнало локалното население, но локалните власти се уште не го објавиле влијанието на ударот. Рускиот телеграмски канал Астра тврди дека споменатиот воен аеродром е дом на рускиот 272-ри авијациски полк.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна