Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е пренесен на безбедна локација во земјата со засилени безбедносни мерки, објави Ројтерс.
Иран, наводно, е во постојан контакт со Хезболах, либанската милитантна група, за да го одреди следниот чекор откако Израел објави дека го убил лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
Најмалку 11 лекари, медицински сестри и болничари загинаа, а 10 се повредени во нападите на израелската армија врз центрите за цивилна одбрана и медицинската клиника во Либан, јави дописникот на либанската државна новинска агенција.
Нападите наводно биле извршени во близина на израелската граница во градовите Тајбех и Деир Серијан.