Златна зора се закани со напуштање на Парламентот

Од:

Крајнодесничарската грчка партија Златна зора се закани дека ќе го напушти Парламентот, чекор што ќе доведе до серија избори и дестабилизирање на земјата, изјави нејзиниот лидер.

Заканата доаѓа откако минатата недела  самопрогласен поддржувач на Златан зора уби рапер во Атина, што резултираше со истрага дали третата по големина партија во земјата е криминална организација.

Златна зора ги отфрла тврдењата за каква било поврзаност со убиството на раперот, а нејзиниот лидер Николаос Михалолиакос предупреди дека може да ги повлече пратениците од парламентот, доколку расправата со неговата партија не биде прекината.

– Ние не донесовме конечна одлука. Сите опции се отворени, изјави тој за телевизијата Вергина ТВ.

Златна зора има 18 пратеници од вкуно 300 пратенички места во Парламентот. Доколку пратениците на Златна зора излезат од Парламентот ќе треба да бидат изгласани нивни заменици на специјални избори во секој регион, што го претставуваат. Доколку на тие избори победи опозицијата, владејачката двопартиска коалиција ќе биде неодржлива, изјави Михалолиакос.

Според него Златна зора во рацете има оружје што може да предизвика политички потреси, а властите треба добро да го знаат тоа.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски