Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

Од:

Пред 15 дена маж го запалил својот брат во местото Лукавица во општина Добој Исток, а истрагата ја спровеле припадници на полициското одделение Грачаница.

Изгорениот починал пред три дена во болницата во Тузла, каде што бил хоспитализиран. Наредена е обдукција на телото за да се утврди дали тој починал како последица на подметнување пожар предизвикан од неговиот брат кој го полил со бензин.

На се’ претходела расправија во семејниот дом, а, наводно, причината за инцидентот била поделбата на имотот. Тие биле во куќата кога се степале, а потоа еден од нив отишол да земе кофа со бензин со која го полил својот брат.

Сето тоа го гледала нивната мајка. Дури и соседите дошле на помош и го изгаснале пожарот, за да не се прошири. Несреќниот запален маж го изнесле надвор, каде се обиделе да му помогнат.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопшти дека Обвинителството наредило обдукција на телото на жртвата.

Неговиот брат е во притвор и е осомничен за убиство во обид додека не се изврши обдукција, односно додека не се утврди дали повредите кои му ги нанел на брат му предизвикале смрт.

За жал, ова не е прва трагедија што го снајде ова семејство. Имено, порано едниот брат загинал на минско поле, другиот во сообраќајна несреќа, а нивниот татко загинал во војната.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски