Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) која носи лажна боева глава во Тихиот Океан, јавува Би-Би-Си.
Ракетата беше лансирана денеска и „слета во очекуваните морски области“, соопшти кинеското Министерство за одбрана, додавајќи дека пробното лансирање било „рутинско“ и „дел од годишната обука“. Типот на ракетата и нејзиниот пат на летот останаа нејасни, но кинеските државни медиуми соопштија дека Пекинг „однапред ги известил соседните земји“.
This is very significant.
The last time China launched an ICBM at full range was was the launch of the DF-5 missile in May 1980.
After 44 years. https://t.co/QCnkdUaKxx pic.twitter.com/b1gHJ30uVO
— Clash Report (@clashreport) September 25, 2024
Аналитичарите велат дека тоа што тестот се нарекува „рутински“ е изненадувачки бидејќи Кина последен пат извршила тест во меѓународни води во 1980 година. „Освен ако не пропуштив нешто, мислам дека ова е првпат по долго време да се случи ова и да биде пријавено како такво“, објави Анкит Панда, експерт за нуклеарно оружје во фондацијата Карнеги за меѓународен мир, на платформата X.
Тестовите за нуклеарно оружје на Кина обично се случуваат внатре во земјата, а Кина претходно тестираше ракети ICBM во пустината Такламакан во регионот Ксинџијанг. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека нема оштетувања на нивните бродови.
„Ќе продолжиме да собираме и анализираме информации за движењата на кинеската војска и ќе ги преземеме сите можни мерки на претпазливост“, соопшти Министерството, според јапонската телевизија NHK. Последниот пат кога Кина спроведе ваков тест, проектилот прелета 9.070 километри и слета во Пацификот.