Таравари: Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана

Од:

Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ министерот за здравство Арбен Таравари вели дека е избрзана, но тоа е одлука на Уставен суд, иако, како што вели „не ни требаат вакви тензични состојби“.

Според Таравари, владината коалиција имала договор прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, меѓутоа не само етничка припадност, туку и за други категории.

– Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период. Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“. Меѓутоа, некако се избрза. Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонскат амбасадаа и УК за детски болести.

Продолжувам, посочи Таравари, на ставот дека „балансерот“ беше добра алатка, меѓутоа во последно време беше доста злоупотребена.

– Во албанските општини се пишуваа како Македонци, за да се вработат Албанци, а генерално во државната централна администрација повеќе Македонци се пишуваа како Роми, Турци, Албанци за да бидат примени на работа. И тоа, веќе беше алатка што се злоупотребуваше на големо. Мораме да најдеме решение за да сите категории на луѓе бидат застапени во државната администрација, изјави Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив

Фатон Ахмети: Со последната одлука на Уставниот суд не е оштетен само „балансерот“ како начин за решавање на правичната застапеност, туку целиот процес

Меџити: Не е проблем законот за правична застапеност да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се донесе

(ВИДЕО) Никодиновска: Пред избори едно,после избори полошо, со ДПМНЕ и ЗНАМ балансерот ќе стане закон

Таравари: Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено