Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.

Би можело да ве интересира

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло

Можно невреме денеска, од утре повторно топло