Абази: На четири тендери во Липково исплатени близу еден милион денари на фирма на внукот на Азири

Од:

Коалицијата Вреди и денеска на прес-конференција продолжи да објавува информации за тендери поврзани со фирми на семејството на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт.

-Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Денес продолжуваме со објавување нови сознанија за тоа како истата фирма, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири земала тендери од Општина Липково, од средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и ЈЗУ Здравствен Дом – Куманово, истакна Бујаре Абази од Коалицијата ВРЕДИ на денешната прес-конференција.

На овие четири тендери, нагласи, фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, дала понуди за набавка на компјутерска опрема за што и биле исплатени без малку еден милион денари.

-Овие информации јасно покажуваат дека без разлика дали се работи за набавки од помала или поголема вредност, без амин на ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту денар. Очигледно е дека ДУИ владеел како мафијашка структура која не се воздржувала да ги злоупотребува народните пари за остварување политичко влијание, посочи Абази.

Во мрежата на ДУИ, како што кажа, се фаќале сите политичари „кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење“.

-Затоа, го охрабруваме раководството на опозицискиот Европски Фронт, добро да му објасни на своето членство зошто клучните поранешни функционери на Али Ахмети и Зијадин Села се под сомневање за политичка корупција, порача Абази.

Би можело да ве интересира

Влен: Ќе им овозможиме стабилност и поддршка на земјоделците

Горан Наумовски

ДУИ: Владиното моноетничко раководство сè уште се обидува да ги обвинува другите за своите постојани неуспеси

ДУИ: Влен ги уништува националните достигнувања на Албанците

Абази: Нови информации за коруптивното поведение на кадрите на Ахмети и Села

Абази: Фирма блиска на пратеникот Елми Азири добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија

Влен: Главен покровител на законот за бранители е ДУИ, СДСМ нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните