Процесот на вљубување трае помалку од една секунда

Од:

Процесот на вљубување во некое лице трае помалку од една секунда. Всушност, треба само една петтина од секундата да почувствувате дека ве погодила Аморова стрела.

Студиите покажаа дека процесот на вљубување е сличен на тој кога некој користи кокаин. Кога лицето ќе се вљуби, 12 подрачја на мозокот почнуваат да работат заедно и да произведуваат допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат во исто време. Овие хемиски супстанци се одговорни за она будалесто и слатко чувство.

Ова откритие го покрена прашањето, дали се вљубува нашето срце или мозокот?

Според мислењето на истражувачите на Универзитетот Сиракуза, тоа навистина е работа на мозокот, а не на срцето. Тоа го утврдиле така што направиле магнетна резонанца на мозок на волонтер за да утврдат како се испуштаат наведените супстанции кога едно лице ќе се вљуби.

Заклучиле дека срцето е само концепт за кој ја поврзуваме вљубеноста. Дури и ефектот на пеперутки во стомакот, е само последица од мозочната акција на испуштање на адреналин.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска