Две лица загинаа, а четворица се повредени во ноќен руски воздушен напад врз Суми, соопшти утрово воената управа на тој североисточен украински регион. Меѓу повредените има и две деца, а оштетени се и неколку станбени куќи и автомобили, објави воената управа на Телеграм.
Ројтерс не можеше самостојно да го потврди извештајот, а немаше итен коментар за нападот од руска страна. Регионот Суми, кој граничи со Русија, е предмет на чести напади на руските сили.
Москва негира дека е насочена кон цивили, но тврди дека нејзините напади се насочени кон уништување на украинската инфраструктура, клучна за воените напори на Киев, пишува Ројтерс.