Влен: Интерпелацијата на Гаши е сегмент од сценариото на Левица-СДСМ-ДУИ

Од:

Стравот од правосудна одговорност за сторена политичка корупција ги руши идеолошките бариери. ДУИ и СДСМ се подготвени да ја следат Левица ако тоа им изгледа како формула за спас на нивните поранешни функционери. Токму тоа се случува со триномот ЛЕВИЦА-СДСМ-ДУИ, велат од Коалицијата Влен.

– Левица, партија со длабоки анти-НАТО определби, се обидува заедно со пратениците на СДСМ и ДУИ да посее семе за тензии во општеството, користејќи ја и интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, како еден сегмент во нивното сценарио. Не е чудно што СДСМ, кој до вчера заедно со партнерот во криминал ДУИ ги девастираше сите институции сега реши да игра по нотите на Левица, која ги слави комунистичките режими ма Енвер Хоџа и Ким Џонг ун.

Од друга страна, ДУИ, партијата која фрла камен и ја крие раката, ја користи секоја можност да избега од политичката корупција која ја има зафатено до срж. Овој трионом, фатен во спирала на измами, има за цел да создаде опасен и неморален сојуз. Бидејќи немаат ништо ново да понудат и знаат дека нивната поддршка е во слободен пад, тие бараат спас во предизвикување кризи. Овој трином докажува дека се подготвени да си поигруваат со националните интереси и стабилноста на државата само за да ја спречат правдата. На крајот, соработката меѓу ЛЕВИЦА, СДСМ и ДУИ е доказ дека вторите и третите не се ни евроатлантисти, ниту се за едно општество за сите, ниту се за западните вредности, туку се обични клиентелисти кои сега сакаат по секоја цена да го заштитат нелегално стекнатиот имот и да не одговараат за грабежот што му го сторија на народот.Тоа нема да се случи, одговорност мора да има за сите и истата ќе се и спорача неселективно – тврдат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: Вистината што ДУИ сака да ја скрие со лаги: 20 години на власт, нула Албанци во одредени институции

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Вреди: ДУИ ја продаде еднаквоста за „Соравија“

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Сејдиу: Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку предавство