Фудбалерите на Барселона, ривалите на Црвена звезда во Лигата на шампионите, го декласираа Ваљадолид со 7:0 во натпреварот од 4. коло на Ла Лига и со тоа го задржаа максималниот учинок на стартот од шпанското првенство.
Блескаше Рафиња, трикратен стрелец (20., 64. и 72. минута) и двоен асистент. Роберт Левандовски постигна гол во 24. минута и имаше асистенција, а Ламин Џамал и Пау Кубарси запишаа по две асистенции. Жил Кунде погоди во 45+2. минута, Дани Олмо во 83. и Феран Торес во 85. за целосен дебакл на повратниците во Ла Лига.
Барселона на 6 ноември ќе и гостува на Црвена Звезда во Лигата на шампионите.