Во понеделникот во Украина се урна борбен авион Ф-16 од американско производство, при што загина пилотот, јавува Си-Ен-Ен.
Украинската војска не верува дека падот на авионот е предизвикан од грешка на пилотот, изјави неименуван украински извор за Си-Ен-Ен.
Пилотот Алексеј Мес загина во несреќа додека го „одбиваше голем воздушен напад“ на Русија врз Украина, изјави изворот, додавајќи дека пилотот бил погребан денеска.
Изворот истакна дека несреќата се истражува, а во истрагата ќе бидат поканети и меѓународни експерти. Претседателот Володимир Зеленски во вторникот рече дека украинските воздухопловни сили користеле Ф-16 за уништување ракети и беспилотни летала лансирани од Русија во понеделникот, што е прв пат некој украински официјален претставник да потврди дека авионите се користат во борба.
Киев долго чекаше да добие авиони Ф-16, а Зеленски од почетокот на војната во 2022 година од западните сојузници бараше борбени авиони. Холандија и Данска се обврзаа да ги обезбедат на почетокот на летото 2023 година, додека Украина чекаше подолго за одобрување на пратката од Америка.
Кога авионите пристигнаа претходно ова лето, Зеленски рече дека тој и неговата влада одржале „стотици состаноци и преговори“ за обезбедување на F-16.