Секојдневни активности поради кои се чувствуваме лошо

Од:

Сите сакаме да водиме здрав и долг живот, но секаде околу нас постојат опасности. Некои секојдневни активности можат да ни го скратат животниот век, а за тоа и да не сме свесни.

1. Седење – Долг период поминат во седење не е здраво. Тоа е многу лошо за луѓето кои работат во канцеларија. Истражување од 2012 година покажало дека лицата кои го намалуваат прекумерното седење на помалку од три часа дневно можат да го продолжат животот просечно за две години.

2. Премногу спиење – Недоволно сон е лошо за здравјето, но и премногу спиење е исто толку лошо. Истражување за сонот покажало дека луѓето кои спијат подолго од девет часа имаат 41 отсто поголем ризик од срцеви заболувања отколку оние кои спијат меѓу седум и осум часа.

3. Седење пред монитор – Истражувањето објавено во списанието на американскиот Колеџ за кардиологија сугерира дека минувањето на повеќе од четири часа пред екран, како што е гледање телевизија или сурфање на интернет, го зголемува ризикот од срцев удар за дури 11,3 отсто.

4. Земање непотребни лекови – Пиењето лекови за работи како што се несоница и анксиозност може да го намали животниот век на човекот. Во истражувањето кое траело 12 години научниците откриле дека поединците кои не пијат такви лекови имаат околу пет отсто пониска стапка на морталитет од оние кои ги земаат.

5. Недостиг на хумор – Смеата има долга листа на здравствени предности. Таа му помага на имунолошкиот систем, го намалува стресот и овозможува емоционално празнење. Смеењето исто така ги согорува и калориите.

6. Метеж во сообраќајот – Не само што метежот во сообраќајот ви одзема многу време, туку може да ви го намали и животниот век. На годишниот собир на американски географи е наведено дека луѓето кои минуваат подолго од 30 минути во сообраќајот умираат порано, бидејќи тоа значи помалку време за рекреација и спиење.

7. Нервоза – Знаеме дека стресот му штети на нашето здравје и имунолошкиот систем, но едно истражување покажало дека тој всушност може да му предизвика штета на нашиот организам.

8. Недостиг на секс – Сексуалниот однос не само што го ослободува стресот, туку ги согорува и калориите и може да го продолжи животниот век. Истражувањето на Универзитетот Џук покажало дека жените кои уживаат во сексуалниот живот, живеат речиси седум години подолго.

9. Лоша исхрана – Индустриски преработените производи, премногу црвено месо, а недоволно свежо овошје и зеленчук, можат да придонесат за многу здравствени проблеми. Прекумерното конзумирање на црвено месо го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и рак.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ